Активности
и галерија
12/07/2022
Почетен состанок во Милано.
Првиот трансационален состанок (почетен состанок) за 30 месечниот Ерасмус+ Проект се одржа во Милано (Италија) заедно со претставници од 5-те партнерски организации.
12/07/2022
08/2022 - 04/2023
Истражување
Со цел да се елаборира „Извештај за состојбата со нарушувањата во исхраната во спортот низ Европа“, партнерите ја проучуваа ситуацијата на нарушувањата во исхраната низ Европа преку анкети насочени кон целните групи (спортски тренери, спортисти, спортски клубови итн.), анализа на статистички податоци и преглед на литературата. Како резултат на тоа, тие открија дисциплини со поголем ризик и најчести нарушувања во исхраната меѓу спортистите. Дополнително, тие ги открија недостатоците во знаењето на спортските тренери и семејствата во овој поглед.
08/2022 - 04/2023
26/01/2023
Среднорочен состанок
Главниот фокус на овој состанок беше евалуација на извештајот од истражувањето и утврдување на насоките на прирачникот. Се одржа во Риека, Хрватска.
26/01/2023
01/2023 - 04/2024
Изработка на прирачникот
EILD (Работен пакет 3) подготви прелиминарна верзија од Прирачникот за „Како да се спречи и да се бори со нарушувањата во исхраната кај спортистите“. Врз основа на овој документ подготвителна обука за предавачите беше подготвена. Оваа обука имаше за цел да ги подготви предавачите да водат работилници за нарушување на исхраната за тренерите и семејствата на спортистите.
01/2023 - 04/2024
03-05/07/2023
Тренинг за предавачи
EILD во нивните канцеларии во Солун беа домаќини на меѓународната обука на која беа присутни сите членови кои ќе бидат одговорни за предавање на локалните работилници. Тие исто така добија повратни информации за тоа како да се подобри квалитетот на прирачникот.
03-05/07/2023
09/2023 - 02/2024
Работилници (локални активности)
Во секоја земја-партнер, Конзорциумот ги организираше претходно споменатите работилници во целни објекти како што се образовните институции кои обучуваат спортски тренери или здруженија на родители на спортисти. Ова обезбеди дополнителен увид за квалитетот на прирачникот, кој EILD соодветно го приспособи. Локалните активности беа организирани од Bulsport.
09/2023 - 02/2024
01/2023- 04/2024
Изработка на Карта
L’ORMA во овој дел подготви дигитална карта со сите достапни европски ресурси во однос на нарушување во исхраната. Оваа карта работи како интерактивна платформа во која пошироката јавност може да бара здруженија/ентитети поблиски до нив кои можат да понудат некаква поддршка за луѓето кои се борат со нарушување во исхраната. Не постои слична иницијатива, но партнерите веруваат дека тоа би било многу корисно кога барате помош на оваа тема.
01/2023- 04/2024
10/2024
Завршен состанок и меѓународен настан
Карате Клуб Металург (работен пакет 5) организраа настан за време на “Европската Недела на Спортот“ со цел промоција за резултатите од проектот и зголемување на свеста за ширењето на нарушувањата во исхраната. Настанот беше голема конференција помеѓу меѓународни експерти по психологија, нарушување во исхраната и спортот. Претставници на Европскиот спортски сектор беа поканети да се придружат и научат за иницијативата. Целта на завршниот состанок беше да се оценат резултатите од локалните работилници и да се евалуира квалитетот на Прирачникот и Картата. Додатно партнерите ја подготвија агендата за настанот и дискутираа за можностите кои ги имаат за продолжување на работата против нарушувањата во исхраната.
10/2024